Режисерката Дина Дума заврши со снимањето на нејзиниот прв долгометражен филм „Сестра“, објави продукцијата „Лист“. Филмот се снимал на урбани локации низ Скопје, а последната клапа беше во неделата на езерото Матка.

„Сестра” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.
Во главни улоги се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата ја правеа Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, а шминката е на Жанета Димитриевска.
„Сестра“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово.