„АДИДАС“ И БИЈОНСЕ КРЕИРАА РОДОВО НЕУТРАЛНА КОЛЕКЦИЈА

Берлин, (Ројтерс)

Спортскиот бренд „Адидас“ во јануари ќе почне со продажба на нова, родово неутрална колекција, дизајнирана во соработка со поп ѕвездата Бијонсе. Колекцијата е дел од модниот бренд на Бијонсе, „Ајви парк“, што таа го покрена во 2014 година.

Колекцијата ќе содржи комбинезони, широки панталони, дуксери и куси велосипедистички хеланки, главно во портокалова, бордо и крем боја.

Партнерството следи откако германскиот бренд се насочи кон привлекување на женски купувачи, бидејќи на тој пазар заостанува зад ривалите како „Најки“ и „Пума“. Откако лани соработуваше со Ријана, „Пума“ ја зголеми продажбата.