РИДЛИ СКОТ ПО 22 ГОДИНИ ГИ СПОИ ДЕЈМОН И АФЛЕК ВО „ПОСЛЕДНИОТ ДУЕЛ“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Мет Дејмон и Бен Афлек по повеќе од две децении повторно заедно напишаа сценарио за филм, што ќе го режира Ридли Скот.

Tрилерот „Последниот дуел“ се базира на книга од Ерик Џегер и е вистинска приказна за криминал, скандали и судења во Франција во 14. век. Сценариото го потпишуваат Дејмон, Афлек и Никол Холофсинер.

„Последниот дуел“ ќе биде прв заедничи проект на Дејмон и Афлек по „Добриот Вил Хантинг“ од 1997. Двајцата тогаш добија Оскар за најдобро сценарио, а Робин Вилијамс за најдобра споредна машка улога. Афлек и Дејмон ќе бидат и во главни улоги во „Последниот дуел“.

Скот и Дејмон, пак, последен пат работеа заедно на „Марсовецот“ во 2015.