РОБЕРТ ПАТИНСОН СТАНУВА МРАЧНИОТ ВИТЕЗ ВО ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА „БЕТМЕН“ (ВИДЕО)

Лос Анџелес, (Инсајдер)

„Ворнер брос“ даде прв увид во дебито на Роберт Патинсон во улогата на Бетмен, објавувајќи го првиот трејлер за „The Batman“, чија премиера е закажана за 1 октомври 2021.

Патинсон го наследува Бен Афлек како Мрачниот витез, а во актерската екипа се и Зои Кравиц како Кетвуман, Колин Фарел (Пингвин), Пол Дано (Ридлер), Џефри Рајт (комесарот Гордон), Енди Серкис (Алфред) и Џон Тортуро (мафијашот Кармајн Фалконе).

Претставувајќи го трејлерот, режисерот Мет Ривс беше дециден дека „Бетмен“ не е филм за неговото настанување. Филмот се случува во втората година од кариерата на Брус Вејн како Бетмен, период кога тој сѐ уште е само маскиран одмаздник.

Бетмен тогаш сѐ уште не е Бетмен и многу луѓе сѐ уште се плашат од него. Ова не е приказна за неговото настанување, но има допирни точки со тоа“, појасни Ривс.