„Барби“, еден од најисчекуваните филмови на годината, ја имаше својата европска премиера вчера во Лондон, при што Марго Роби, Рајан Гослинг и екипата прошетаа по розев тепих за да се нагласи естетиката на филмот.

Облечена како Барби од 1960-ите, Роби носеше бледо розев фустан на Вивиен Вествуд.
„Многу сум возбудена, дојдовме до точката кога филмот го споделуваме со светот. Верувам дека многу луѓе ќе го гледаат филмот, кој е визија на режисерката Грета Гервиг. Визијата за Барби почна пред 64 години, но Грета ја носи во денешниот свет на нејзин својствен начин“, изјави Роби.

Гослинг, кој го игра Кен, вели дека неговите деца го инспирирале да го снима филмот.
„Разни Барби работи во исто време ми се најдоа дома, и куклата и филмот. Тоа беше како Барби лавина. Еден ден ја собирав куклата Кен од дворот, следниот ден бев Кен“, кажа Гослинг.
Филмот ќе игра во Синеплекс во Скопје од 20 јули.