Бурниот живот на британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс е инспирација за мјузиклот „Подобар човек“ (Better Man), во кој пејачот е претставен како мајмун со помош на дигитална технологија.
Полуавтобиографскиот филм го следи животот на Вилијамс од детството до светската слава. Вилијамс го позајмува гласот на главниот лик, а во филмот се користени и некои од неговите најголеми хитови.
На премиерата во Лондон Вилијамс кажа дека му е лесно да ја споделува својата приказна. „Нетфликс“ во февруари објави документарец за него.
„Никогаш не престанувам да се отворам за моето минато. Така се дружам. Ти ми кажуваш за твоите трауми од детството, јас ти кажувам за моите и така си помагаме. Музиката лечи, забавата лечи. И се надевам дека на некој начин овој филм е процес кој им помага на луѓето во исцелувањето. Знам дека тоа е многу амбициозно од мене и некои луѓе би можеле да кажат „Ох, океј’, но јас го мислам тоа“, рече 50-годишната ѕвезда.
Режисер и косценарист е Мајкл Грејси, кој го сними и мјузиклот „Величествениот шоумен“ со Хју Џекман.
„Подобар човек“ ќе игра во кината од 2 декември.