СЕ ЗАБАВУВАВ ДОДЕКА СНИМАВ ХОРОР-КОМЕДИЈА, РЕЧЕ АКТЕРОТ ДЕЈВИД ШВИМЕР

САД, (Пипл)

Актерот Девјвид Швимер вели дека е голем вљубеник во хорор филмовите и му бил предизвик да ја сними својата прва хорор комедија, „Goosebumps: The Vanishing“.

„Јас сум голем љубител на овој жанр и ова беше мојата прва шанса снимам ваква серија“, рече Швимер.
Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (57) додаде дека „толку добро се забавувал“ на снимањето на хорор-комедијата чија премиера е на Дизни и на Хулу на 10 јануари. Актерот рече дека основата за најновото поглавје од антологиската серија е „акциона комедија со многу голема неизвесност“.
Швимер не е првата ѕвезда на „Пријатели“ што се обидела во жанрот хорор. Кортни Кокс ја глумеше Гејл Ведерс во франшизата „Scream“ додека Џенифер Анистон се појави во хорор-комедијата „Leprechaun“ во 1993.

Швимер го игра разведениот татко Ентони кој ќе го помине летниот одмор со неговите близнаци, во неговиот дом во Бруклин. Близнаците ќе откријат дека меѓу нив има мрачни тајни, и ќе предизвикаат настани што откриваат длабока мистерија.

Фото: Гети