Ретроспектива на познатиот словачки режисер Јан Кадар, од денеска, (24 февруари) до 29 февруари ќе се одржи во Кинотеката на Македонија.
Ќе се прикажат најсупешните филмови на Кадар меѓу кои „Продавницата на главната улица“ која доби Оскар
за најдобар странски филм во 1965. Ќе се прикажат и филмовите „Смртта се вика Енгелхен“, „Обвинет“, „Желбата наречена Анада“. Во овој филм, главните улоги ги играат великаните на југословенското глумиште Раде Марковиќ и Милена Дравиќ. Ќе игра и „Лаги кои ми ги кажа татко ми“, еден од најуспешните филмови на Кадар снимени во неговата емигрантска фаза. Филмовите се на репертоарот од 20 часот.