Сер Шон Конери, елегантниот шкотски актер кој прв на филмското платно го оживеа Џејмс Бонд и за многумина останува најдобриот таен агент 007, почина на 90 години на Бахами, каде што живееше по повлекувањето од Холивуд.

Со Урсула Андрес во првиот филм за Џејмс Бонд, „Доктор Но“

„Тој беше и засекогаш ќе остане запаметен како оригиналниот Џејмс Бонд кој имаше легендарен влез во филмската историја кога првпат изговори ‘Бонд… Џејмс Бонд‘“, кажаа продуцентите на франшизата Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.

Со Алфред Хичкок на снимањето на „Марни“ во 1964

Тој беше релативно непознат актер кога дебитираше во улогата на Џејмс Бонд во „Доктор Но“ во 1962 година и потоа изгради кариера која се протегна низ пет децении и освои оскар за најдобра споредна улога во „Недопирливите“ во 1988. Последниот филм го сними во 2003, а од јавниот живот целосно се повлече во 2011 година.

Конери во секоја прилика гордо го истакнуваше своето шкотско потекло и се залагаше за независност на Шкотска.

Во сцена од „Голдфингер“

Конери во „Зардоз“, негова втора улога после Џејмс Бонд ерата

Со Кристофер Ламберт во „Хајлендер“

Во 1988 освои оскар за „Недопирливите“

Конери се доближи до новите генерации со серијалот „Индијана Џонс“

По повлекувањето од Холивуд, ретко се појавуваше на јавни настани. – На Ју-Ес опен во 2017