СПАЈК ЛИ ЌЕ СНИМА МЈУЗИКЛ ЗА „ВИЈАГРА“

Лос Анџелес, (Индипендент)

Спајк Ли ќе режира филмски мјузикл за развојот на „вијагра“, таблетата против еректилна дисфункција што ја создаде „Фајзер“.

„Дедлајн“ објави дека филмот ќе се базира на написот на Дејвид Кушнер за „Ескваер“, кој беше насловен „All Rise: The Untold Story of the Guys Who Launched Viagra“.

Ли го напишал сценариото заедно со британскиот драматург и актер Кваме Квеи-Арма.

„Многу сум возбуден и се радувам за проектот. Ѝ благодарам на мајка ми што како мал ме тераше да одам во кино и што успеа да ми го смени мислењето за мјузиклите“, изјави Ли.