СТАНАВ АКТЕРКА ЗАШТО ТОА БЕШЕ СОНОТ НА МАЈКА МИ, РЕЧЕ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ

САД, (Си-Ен-Ен)

Анџелина Џоли никогаш не сакала да биде актерка.

Во новообјавеното интервју за магазинот „W“ за промоција на нејзиниот филм „Марија“, славната актерка и режисерка рече дека на почетокот се вклучила во индустријата „бидејќи тоа било сон на мајка ѝ“.

„Таа се занимаваше со глума, но кога мајка ми имаше 25 години, беше разведена со две деца и реши да го фокусира својот живот само на мајчинството“, изјави Џоли. „Таа не направи да се чувствувам како жртва, таа сакаше да биде мајка која останува дома. Но, мајка ми навистина сакаше да бидам актерка“.

Нејзината мајка, Маршелин Бертранд, се омажи за актерот Џон Војт во 1971 година, го роди нивниот син Џејмс во 1973 година и Џоли во 1975 година, пред да поднесе барање за развод од Војт во 1978. Бертранд почина во 2007, по осумгодишна борба со рак на јајниците.

„Мајка ми беше мојот менаџер, а ние бевме тим“, се сеќава Џоли. „Отсекогаш сакав да ѝ купам куќа и почнав да ги плаќам сметките. Кога мајка ми почина, ми беше потешко да бидам актерка бидејќи сфатив колку од тоа е за неа“.

Сега кога и самата е мајка на шест деца, Џоли е фокусирана на тоа да им овозможи да си ги пронајдат сопствените страсти.

 

Фото: Aнџелина Џоли со нејзината мајка Маршелин Бертранд (лево) и британската актерка Жаклин Бисет во 2001 (Фото: Гети)