Ќерката на Ума Турман и на Итан Хок, Маја Хок (20 години), ќе се појави во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“.
Нејзината кариера е во подем, откако лани играше во „Мали жени“, а ќе глуми и во третата сезона на „Непознати нешта“.
Холивудските медиуми се изненадени од изборот на Маја Хок, бидејќи нејзината мајка лани го обвини Тарантино дека ја натерал да снима опасна сцена со автомобил во „Убиј го Бил“, во која таа сериозно се повредила. Режисерот ѝ се извини, но оттогаш не се во добри односи.
Нови имиња во актерската постава на филмот се и Лена Данам, Остин Батлер и Лоренца Ицо.
Бред Пит и Леонардо ДиКаприо се во главните улоги во филмот што ќе излезе наредното лето, но Тарантино ги ангажираше и Марго Роби (како Шерон Тејт), Ал Пачино, Барт Рејнолдс, Дакота Фенинг, Курт Расел, Лук Пери, Емил Хирш, Мајкл Медсен, Тим Рот…