ТАРОН ЕЏЕРТОН ЌЕ ГИ ПЕЕ СИТЕ ПЕСНИ ВО БИОГРАФСКИОТ ФИЛМ ЗА ЕЛТОН ЏОН

Лондон, (Вараети)

Компанијата „Парамаунт“ објави дека биографскиот филм за Елтон Џон ќе излезе на 17 мај 2019 година.

Легендарниот британски пејач ќе го игра Тарон Еџертон, кој притоа самиот ќе ги отпее сите песни од филмот.

Во режија на Декстер Флечер, филмот насловен „Човек ракета“ ќе го прикаже Џон низ различни фази од неговата кариера.

Во 2012 година, Елтон Џон изјави дека би сакал Џастин Тимберлејк да го игра на филм, но во прв момент, најсериозен кандидат за оваа улога беше Том Харди.

Изборот на крајот падна на 28-годишниот Британец Еџертон, ѕвезда на филмовите „Кингсмен“. Снимањето на филмот, чиј продуцент е самиот Елтон Џон, ќе почне во август.