ТИ НЕ ЗАСЛУЖУВАШ КУРШУМ, КАЖА УМА ТУРМАН ЗА ХАРВИ ВАЈНСТИН

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ума Турман го истури својот гнев врз Харви Вајнстин во пораката што ја упати за Денот на благодарноста, не откривајќи дали и самата била жртва на моќниот холивудски продуцент, кој од десетици жени беше обвинет за сексуално вознемирување.

Вајнстин ги негираше сите обвинувања, а меѓу нив има и неколку за силување.

„Им посакувам среќен Ден на благодарноста на сите, освен на Харви Вајнстин и на неговите зли заговорници. Мило ми е што ова му се случува бавно. Ти не заслужуваш куршум“, напиша Турман на Инстаграм.

Турман, која глумеше во неколку филмови продуцирани од Вајнстин, ги советуваше сите жени да не се срамат да зборуваат за своите искуства со сексуално вознемирување.

Меѓу актерките кои го обвинија Вајнстин за сексуално вознемирување се Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу, Азија Арџенто, Кејт Бекинсејл и Кара Делевињ.