ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ ЗА НОВИНАРКИТЕ КОИ ГО РАЗОТКРИЈА ХАРВИ ВАЈНСТИН

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Холивудското студио „Јуниверзал“ објави дека летово ќе снима филм за скандалот со продуцентот Харви Вајнстин. „She Said” е базиран на истоимената книга од 2019 за обвинувањата за сексуални напади и вознемирувања од поранешниот филмски магнат, а ќе го режира Германката Марија Шрајдер.

Во финални преговори за главните улоги на новинарките Меган Тоуни и Џоди Кантор се Кери Малиган и Зое Казан. Новинарките се авторките на книгата и добија Пулицерова награда за нивното следење на приказната, која првпат беше објавена во октомври 2017. Книгата се фокусира на истрагата и правните пречки со кои тие се соочувале во истражувањето.

Околу 100 жени го обвинија Вајнстин за сексуално вознемирување, вклучувајќи некои од најмоќните имиња во Холивуд, откако излегоа написите во „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“. Вајнстин во март 2020 беше осуден на 23 години затвор за силување и сексуален напад врз две жени.