ТОМ ХАРДИ СЕ ПОКАЖА КАКО АЛ КАПОНЕ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Ал Капоне на големото платно досега, меѓу другите, го портретираа Роберт де Ниро, Род Стајгер и Бен Газара, а следен кој ќе се испроба во оваа улога е Том Харди.

Режиран од Џош Тренк, британскиот актер почна со снимањето на филмот „Фонзо“ и на Инстаграм објави прва фотографија од сетот, на којашто е прикажан како седи во ќелија во озлогласениот затвор Алкатраз.

За разлика од претходните филмови, кои го претставуваа како државен непријател број еден во ерата на прохибицијата, „Фонзо“ ќе се фокусира на последните години од животот на најпознатиот мафијаш на сите времиња, кога страда од деменција.

„Фонзо“ засега нема утврден датум на премиера.