ТОМ ВЕИТС, ИГИ ПОП И БИЛ МАРЕЈ ВО НОВИОТ ЗОМБИ ФИЛМ НА ЏАРМУШ

Лос Анџелес, (Индипендент)

Продуцентите на новиот зомби филм на режисерот Џим Џармуш ја објавија целосната листа на актери. Во филмот насловен „Мртвиот не умира“ (The Dead Don’t Die) ќе играат Бил Мареј, Адам Драјвер, Селена Гомез, Клое Севињи, Тилда Свинтон, Керол Кејн, Стив Бушеми, Том Веитс, Иги Поп и раперот РЗА.

Сѐ уште нема детали за сценариото, но проектот се најавува како „најголем кастинг за зомби филм кој некогаш бил расклопен“.

Во САД ќе игра од 14 јуни, а премиерата, најверојатно, ќе биде на Канскиот филмски фестивал во мај. Единаесет филмови на Џармуш, вклучувајќи го и последниот од 2016 година, „Патерсон“, премиерно се прикажаа во Кан.