ВЕЧЕРВА МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА „КАЈМАК“ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, ОД УТРЕ ИГРА И ВО КИНАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Кајмак“, седмиот филм на Милчо Манчевски, вечерва ќе ја има македонската премиера, што ќе се случи во Филхармонијата. Од утре, филмот ќе игра во скопските кина Синеплекс и Милениум, а веќе се закажани и проекциите во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е на 23 ноември.

„Направивме напор да го прикажеме филмот во секоe кино каде што има техничка можност за тоа“, кажа продуцентот Јане Ќортошев.

Опишан како црна комедија и безобразна трагедија, „Кајмак“ имаше светска премиера на 26 октомври на Меѓународниот филмски фестивал во Токио.

Снимен според сценариото на Манчевски, во филмот играат Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.