Дискусијата за еднаквост на платите го обзеде Холивуд изминативе месеци откако се појави движењето „Времето истече“ и Емилија Кларк вели дека ова никогаш не било проблем во „Игра на тронови“.

Таа моментално е на Канскиот филмски фестивал, кадешто дојде за премиерата на „Соло: приказна за војна на ѕвездите“, откривајќи дека за нејзината главна улога во мегапопуларната серија добила еднаков чек со машките колеги.

„Во ‘Игра на тронови‘ секогаш сум била еднакво платена со моите машки колеги. Тоа беше мојата прва работа и во поглед на плаќањето, не бев дискриминирана поради тоа што сум жена“, вели Кларк, која блесна на црвениот тепих во виолетов фустан и со накит, инспириран од серијата.

(Фото: Гети)

Таа вели дека била шокирана кога неодамна се дозна дека Клер Фој, иако главна ѕвезда на серијата „Круна“, била помалку платена од актерот Мет Смит.

Кларк се осврна и на претстојниот крај на „Игра на тронови“, чија последна сезона ќе биде емитувана наредната година.

„Тоа ќе биде нешто што никој од вас не може да го замисли. Подготвена сум да го напуштам домот, но во исто време сум и возбудена и тажна и уплашена“, додаде Кларк.