НА КИНЕНОВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ПОСЛЕДНИОТ КАУБОЈ” НА СЛОВЕНЕЦОТ ТАДЕЈ ЧАТЕР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Скопје денеска (17 октомври) во 18 часот ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Последниот каубој“, чиј режисер и сценарист е Тадеј Чатер од Словенија. Премиерата е дел од деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова.

Филмот, кој е продукција на „Круг филм“ од Скопје, ја раскажува приказната за Хари Џексон, вечниот трагач по правдината и вистината и обожавател на вестерн филмови од БиХ, кој се осмелил да го живее животот како филмски лик.

Тадеј Чатер (1967) е словенечки сценарист и режисер, а работел и како новинар, колумнист и уредник во медиуми.

Од Македонија, во правењето на филмот учествуваше Дејан Смилевски како монтажер, а Дејан Крајчевски од „Круг филм“ е еден од продуцентите.