ВТОРИОТ ФИЛМ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ, „ДОВОЛНО ВОЗРАСНИ“, ВЕЧЕРВА НА СИДЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
4205_D003_02893_R Thom Green stars as Adam and Elias Anton as Kol in director Goran Stolevskis OF AN AGE, a Focus Features release. Credit: Thuy Vy / © Of An Age Films Pty Ltd

Вториот игран филм на Горан Столевски, „Доволно возрасни“ (Of an Age), вечерва ќе ја има својата македонска премиера во рамките на гала програмата на Синедејс (кино Фросина, 21 часот). Тој доаѓа на фестивалот една година по успешното деби на Столевски, „Нема да си сама“.

За разлика од „Нема да си сама“, во кој глумеа и македонски актери, „Доволно возрасни“ е целосно австралиска продукција. Дејството се случува во 1999, а главните ликови се тинејџерите Никола и Ебони, кои се партнери на натпревар во танцување. На денот на натпреварот, Никола добива вознемирувачки повик од Ебони, по што бара помош од нејзиниот брат Адам.

Столевски е роден во Тетово, а како тинејџер се преселил во Австралија, каде што се развивал како филмаџија.