Сезоната на награди за 2024 започна со Златните глобуси – првиот голем настан на црвениот килим за оваа година.
Четиримесечниот штрајк на сценаристите ги оддалечи актерите од црвениот тепих во поголемиот дел од втората половина на 2023, но холивудските ѕвезди го надоместија изгубеното време и се облекоа за да ги импресионираат критичарите и публиката.
Во споредба со Оскарите, Златните глобуси обично се порелаксиран настан, што често резултира со поразиграно расположение на црвениот килим.
Модните критичари ѝ дадоа највисоки оценки на Марго Роби – ѕвездата на филмот „Барби“ која секако се забавуваше со нејзината облека, како и на поп-ѕвездата Тејлор Свифт.
Фото: Гети