ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР АТАЛ СЛУЧАЈНО ОТКРИ ДЕКА ЛЕДИ ГАГА СЕ СВРШИЛА

Париз, (Политико)

Францускиот премиер Габриел Атал, кој можеби нема уште долго да остане на оваа функција, случајно ја прошири веста дека Леди Гага се свршила.

Атал објави видео на социјалните мрежи од средбата со Гага за време на олимписките натпреварувања во пливање, при што се слуша како таа го запознава со „нејзиниот свршеник Мајкл Полански“. Американската пејачка остана во Париз и по настапот на петочната церемонија на отворањето на ОИ, каде што пееше на брегот на Сена.

Гага и технолошкиот претприемач Полански се во врска најмалку четири години и досега немаат јавно потврдено дека се свршени.

(Фото: Гети)