ГИ РУШИМЕ СТЕРЕОТИПИТЕ И УЧИМЕ ДА СЕ РАЗБИРАМЕ БЕЗ ОГЛЕД НА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ, РЕКОА МЛАДИТЕ АКТЕРИ НА ПРЕМИЕРАТА НА „ЗАКРЕПНА НАДЕЖ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Краткиот игран филм „Закрепна надеж“ во кој играат дваесетина тинејџери, беше промовиран денеска (24 ноември) во Кинотеката на Македонија. Филмот има за цел да се промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло.

Глумат млади од филмското учлиште „Тинтити минтири“ и други тинејџери кои немаат искуство пред камера а се избрани претходно на аудиција.

„Во период од 6 месеци пред снимањето се одржаа филмски работилници на кои учествуваа дваесетина тинејџери од различна етничка припадност. Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, вели режисерот Кузман Кузмановски. Филмот следи приказна на неколку извидници кои се учат меѓусебе дека кај младите не треба да има дискриминација без оглед на етинчката припадност.

„Го снимивме филмот за да ги срушиме стереотпите. Не треба да се оценуваат луѓето какви се според тоа што се зборува за нивниот народ“, рече една од младите актерки. Филмот е снимен на крајот октомври во Градовци, во Извидничкиот камп Градовци.

М, ЏАРОВСКА