ЃОРЃЕ БАЛАШЕВИЌ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНА ЕДЕН МЕСЕЦ ОТКАКО ИМАШЕ СРЦЕВ УДАР

Нови Сад, (24сата)

Ѓорѓе Балашевиќ се враќа на сцена еден месец откако имаше срцев удар. Популарниот 66-годишен пејач потврди дека првиот концерт по излегувањето од болница ќе му биде на 20 декември во Осиек, Хрватска.

„Драги осиечани, се гледаме на концертот на 20 декември. Ако не успеам да го одржам овој концерт, тогаш нема никаде“, напиша Балашевиќ на својата Фејсбук страница.

Тој ги загрижи своите фанови кога минатиот месец ненадејно го откажа распродадениот концерт во Крагуевац, по што неговата ќерка објави дека бил хоспитализиран во болницата за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица.

„Новинарите често претеруваат, но не и овојпат. Четири дена бев во болница, но немав операција на отворено срце. Само ми беа вградени четири стента и сега заздравувам покрај семејството“, изјави Балашевиќ потоа.