ГРЕТА ТУНБЕРГ ГО ОДБЕЛЕЖА 17. РОДЕНДЕН СО РЕДОВЕН ПРОТЕСТ

Стокхолм, (Индипендент)

Грета Тунберг денеска полни 17 години и одлучи да помине дел од роденденот пред зградата на шведскиот парламент.

Младата активистка која покрена глобално движење на младите против климатски промени и овој петок излезе на улица носејќи го својот препознатлив транспарент „Училиштен штрајк за климата“. Училиштата во Шведска сѐ уште не работат поради празниците.

„Училиштен штрајк, 72. недела“, напиша Тунберг на Твитер.

Таа неодамна се врати во Шведска по четири и пол месеци, период за кој учествуваше на големите конференции за климата во Њујорк и Мадрид, при што цело време патуваше со брод.

Тунберг ги почна своите соло протести во Стокхолм во август 2018 и како ретко кој придонесе да се крене свеста за климатските промени, при што нејзините петочни протести добија поддршка од милиони луѓе низ цел свет. Таа во меѓувреме беше номинирана за Нобелова награда за мир, а магазинот „Тајм“ ја прогласи за Личност на годината.