ГВЕН СТЕФАНИ СЕ СВРШИ СО КАНТРИ ПЕЈАЧОТ БЛЕЈК ШЕЛТОН ПО ТРИГОДИШНА ВРСКА

Лос Анџелес, (АП)

Пејачите и судии на музичкото шоу „Гласот“, Гвен Стефани и Блејк Шелтон, се свршија по тригодишна врска.

Кантри пејачот и поп ѕвездата, која се прослави во 1990-ите со групата „Ноу даут“, ја објавија свршувачката со фотографија на социјалните мрежи.

Тие се запознаа кога станаа судии во музичкото шоу пред неколку години. Во 2015, Шелтон се разведе од Миранда Ламберт, а Стефани од нејзиниот сопруг Гевин Росдејл и по две години ја почнаа врската. Двајцата веќе снимија неколку дуети.