ХРВАТСКАТА ПРЕТСТАВА „БРАЌА КАРАМАЗОВИ“ ИГРА НА МОТ ВО ДВА ДЕЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (9 ноември) од 19 часот, во Националната опера и балет (НОБ) игра претставата „Браќа Карамазови“ во рамките на Млад отворен театар. Режисерот Оливер Фрљиќ, кој по девет години се врати на сцената на ЗКМ во Загреб, ја направи оваа современа обработка на рускиот класик во форма на двојна претстава.

Во претставата играат Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адриан Пездирц, Јерко Марчиќ, Линда Бегоња, Катарина Бистровиќ-Дарваш, Данијел Љубоја, Матео Видек, Милица Манојловиќ, Миливој Беадер, Иван Пашалиќ, Хрвојка Беговиќ, Петра Свртан и Рок Јуричиќ.

Вториот дел од претставата почнува од 22 часот.