На 12 декември во 20 часот, во Мала станица во Скопје ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор Данко Фришчиќ од Хрватска. Изложбата насловена „Сликоиди – Металагалактик“ е составена од 14 слики изработени во масло на платно оваа година.
Фришчиќ, кој првпат изложува во Македонија, е редовен професор на Ликовната академија во Загреб, каде што дипломирал во 1997. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Хрватска, има реализирано над 70 самостојни изложби и бил дел од над 200 групни изложби во светот.
Кустос на изложбата е Маја Крстевска. Изложбата ќе трае до 26 декември.