И ХОЛАНЃАНИТЕ МУ СЕ НАКЛОНИЈА НА ПАНДЕВ НА ЗБОГУВАЊЕТО ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Амстердам, (СМАРТ СДК.МК)

Горан Пандев за последен, 122. пат вечерва го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација. Со тоа завршуваат една ера во македонскиот фудбал и една од најблескавите репрезентативни приказни во историјата на македонскиот спорт.

(Фото: ФФ;М)

Емотивно го испратија неговите соиграчи, а почит му искажаа и Холанѓаните. Му подарија портокалов дрес со број 122 и го наградија со аплауз кога го напушташе теренот во 68. минута.

(Фото: ФФМ)

Пандев беше дел од репрезентацијата цели две децении и неговите постигнувања уште долго ќе стојат ненадминати.

(Фото: ФФМ)