ИБРАХИМОВИЌ ЌЕ ИГРА ФУДБАЛ И ВО ПЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА ОТКАКО ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО МИЛАН

Милано, (Би-Би-Си)

Златан Ибрахимовиќ предизвика воодушевување на социјалните мрежи, откако потпиша нов едногодишен договор со Милан, што ќе го задржи во клубот и после 40. година.

„Отсекогаш сум кажувал дека Милан е мој дом. Среќен сум како се чувствувам во клубот. Би останал тука до крајот на животот кога би можел“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој му се придружи на Милан по вторпат во декември 2019, а оваа сезона има постигнато 17 голови на 25 мечеви, што придонесе во февруари да ја надмине бројката од 500 дадени погодоци во кариерата.

Ибрахимовиќ играше за Милан и од 2010 до 2012, период во кој клубот ја освои својата последна титула во Серија А. Тој е единствениот играч кој постигнал 50 голови во Серија А и за Интер и за Милан.

Во Милан се врати во моментите кога клубот беше потонат на 11. место на табелата, а сега го предводи до првиот пласман во Лигата на шампионите по седум години пауза. Тоа е и единствениот клупски трофеј што му недостига.