ПРОЅИРЕН БАЗЕН ЌЕ ПОВРЗУВА ДВЕ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ВО ЛОНДОН НА ВИСОЧИНА ОД 35 МЕТРИ

Лондон, (Дејли мејл)

Првиот проѕирен небесен базен на светот ќе се отвори во Лондон следниот месец. Пливачите буквално ќе лебдат во воздух на височина од 35 метри, пливајќи во базенот кој поврзува две ексклузивни станбени згради во новата населба Најн Елмс во јужен Лондон.

Официјалното отворање на овој амбициозен инженерски проект ќе се случи на 19 мај, откако 25-метарскиот базен налик на аквариум беше донесен од фабриката во Колорадо, каде што бил направен. Базенот, кој се наоѓа на 10. спрат, е главната атракција на комплексот Ембаси Гарденс покрај реката Темза, во кој биле вложени една милијарда фунти.

Пливачите ќе можат да уживаат во погледот на централен Лондон, вклучувајќи ги зградата на парламентот. Лондонско око и градската панорама.

Базенот е широк пет, а длабок три метри и содржи 375 тони вода.