ИДРИС ЕЛБА СЕ ОЖЕНИ СО КАНАДСКИ МОДЕЛ ВО МАРОКО

Лондон, (Гардијан)

Еден од најпопуларните британски актери и диџеј Идрис Елба се ожени со својата девојка Сабрина Доури на церемонија во Мароко.

Според фотографиите што ги објави британското издание на „Вог“, Доури носела венчаница од американската дизајнерка Вера Вонг. Тие ги размениле брачните завети во елитен хотел во Маракеш, откако претходно имале вечера со семејството и пријатели.

Елба ѝ предложи брак на Доури во февруари, за време на премиерата на неговиот филм „Yardie“ во Далстон, источен Лондон.

Ова е трет брак за Елба, кој во почетокот на 2017 ја почнал врската со Доури, која е модел и поранешна Мис Ванкувер.