ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФОТ ИВАН ИВАНОВ ОД ДЕНЕСКА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (17 јуни) во Младински културен центар во Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии на македонскиот фотограф Иван Иванов, кој работел за српските неделници „Дуга“ и „Практична жена“, кои излегуваа во поранешна Југославија.

Иванов фотографирал модни ревии на брендови како „Пјер Карден“ и „Живанши“ и актерите и режисерите кои доаѓале на ФЕСТ и БИТЕФ. Негови фотографии се објавувани и во весниците „Политика“, „Ослобоѓење“ и „Дело“ и во забавните списанија „Екран“ од Скопје, „Студио“ од Загреб, „Стоп“ од Љубљана и други.

Промотор на изложбата е Владимир Галевски.