ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ НА ЧЕШКИОТ АВТОР МИШЕК ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Дела на чешкиот ликовен уметник Онджеј Мишек се изложени во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е насловена „Насликај го својот живот“. Изложени се дваесетина плакати во голем формат, акрил на платно и репродукции, со кои изложбата е поделена на два дела. Првиот дел се дела создадени во Варшава, а во вториот дел се создадени во Бангкок, каде што Мишек живеел од 2009 до 2016.

Фото: СМАРТ СДК.МК

„Моите дела се рефлексија на мојот живот, на тоа што ми се случувало. Првиот дел е од студиите во Варшава, кога градот и државата преминуваа од комунизам во капитализам. Вториот е од мојот престој во Тајланд, каде што работев и како професор на академија“, кажа Мишек, кој сега е слободен уметник во Прага.

Изложбата е во организација на Народниот музеј Велес, со помош на Чешката амбасада во Скопје.

П. ПЕЧКОВ