ИЗЛОЖБА НА ТРАДИЦИОНАЛНИ БАЛКАНСКИ НОСИИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (16 ноември) во 12 часот, во Музејот на Македонија во Скопје во изложбената сала „Етнологија“ ќе се отвори изложбата „Балкански референци“, во организација на Универзитетскиот ансамбл „Македонија“.

На изложбата ќе бидат прикажани традиционални носии од Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Бугарија и Грција. Најавен е музичко-сценски настап на уметниците од ансамблот и проекција на документарен филм за женските обредни поворки од Хрватска.