ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИКОТ ЗОРАН ЛАЗАРЕВСКИ НА 5 ФЕВРУАРИ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 5 февруари (понеделник), од 20 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата „Над бескрајот на стените” на уметникот Зоран Лазаревски.

Лазаревски е роден во1949  во Скопје. Завршил училиште за применета уметност „2 Август“ во Скопје 1965-1970 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград 1975, во класата на професор Марко Крсмановиќ, отсек ликовна графика. Член е на ДЛУМ од 1976 .

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Графика на Белградскиот круг“ во 1976 година, признание на „Ликовни средби“ во Суботица истата година, откупна награда на Музејот на современата уметност „Млада генерација 77“ , како и награда на библиотеката „Св. Климент Охридски“ и „ДЛУМ-цртеж“ во 1992. Од 1975 до 2013 бил ликовен уредник во весникот „Нова Македонија“.