„ЈУНИВЕРЗАЛ“ ЌЕ СНИМА МЈУЗИКЛ ОД ХИТОВИТЕ НА ПРИНС

Лос Анџелес, (Индипендент)

Хитовите на Принс ќе добијат нови аранжмани во филмски мјузикл кој ќе биде инспириран од неговото дело, објави „Вараети“.

„Јуниверзал“ ги обезбеди потребните авторски права за повеќе песни на Принс и ќе ги искористи за да направи нарација од стиховите.

Филмското студио веќе имаше успех со мјузикли инспирирани од стихови, како „Мама миа“ и „Клетници“. В година ќе излезат и „Минатиот Божиќ“ според музиката на Џорџ Мајкл и „Мачки“, во кој глумат Џенифер Хадсон, Тејлор Свифт, Џејмс Корден и Јан Меккелен.

Изворите на „Вараети“ велат дека филмот нема да биде биографски, туку оригинална приказна.

На почетокот на годинава излезе албум со претходно необјавени снимки на Принс од 1983 година, насловен „Пијано и микрофон“.

2018 беше успешна година за музички филмови, па „Ѕвезда е родена“ со Леди Гага заработи 350, а „Боемска рапсодија“ 534 милиони долари, а им се предвидуваат и номинации за Оскар.