Кајли Џенер-Тимоти Шаламе е двојката за која најмногу се зборуваше на доделувањето на Златните глобуси, па и потоа. Иако тие се опишуваат како најнеочекуваната двојка од Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон, извори кажаа за американските медиуми дека нивната врска била многу сериозна и би можела да трае.
„Тие на прв поглед можеби изгледаат како голема спротивност, но многу се поврзани и одлично се надополнуваат. Нивната врска е суперсериозна и тие се многу вклучени во нивните секојдневни животи. И нивните семејства им даваат голема поддршка“, изјави еден извор за „Пипл“.
ТВ-ѕвездата и бизнисменка Џенер (26) и две години повозрасниот Шаламе постојано покажуваа колку се блиски на неделната церемонија на Златните глобуси, каде што тој беше номиниран за најдобар актер во комедија/мјузикл за „Вонка“.
Медиумите првпат ги поврзаа Џенер и Шаламе во април 2023 и оттогаш неколкупати беа видени заедно во јавност, вклучувајќи концерт на Бијонсе.
(Фото: Гети)