КАМАЛА ХАРИС – ЖЕНА КОЈА СО ЏО БАЈДЕН ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УРНЕ ДОНАЛД ТРАМП

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Камала Харис ја прифати номинацијата за потпретседателски кандидат на Демократите, станувајќи прва црномуреста жена која ќе се најде на гласачкото ливче во САД. Таа ќе му биде прва придружничка на Џо Бајден во обидот да се стави крај на престојот на Доналд Трамп во Белата куќа.

Пред една година, и самата сенаторка од Калифорнија беше меѓу многуте демократски кандидати за претседател и имаше серија успешни настапи на дебатите, но до крајот на 2019 ја заврши кампањата.

Харис е родена во Калифорнија во 1964 како дете на имигранти: нејзината мајка потекнува од Индија, а татко ѝ е роден во Јамајка. По нивниот развод, Камала и нејзината сестра Маја главно биле одгледани од мајка им под силно влијание на индиските традиции, но потоа сите ја присвоиле црната култура на Оукленд.

„На мојата мајка ѝ беше повеќе од јасно дека одгледува две црномурести ќерки“, напиша Харис во својата автобиографија.

Откако поминала четири години на Харвард и добила диплома по право на Калифорнискиот универзитет во Хестингс, таа станала главен обвинител на Сан Франциско, а својот добар углед го искористи за да биде избрана за сенаторка во 2017.

Харис од 2014 година е во брак со адвокатот Даг Емхоф, станувајќи маќеа на неговите две деца.