МАЧОР МЕЃУ КАНДИДАТИТЕ ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА ВО НОВ ЗЕЛАНД

Велингтон, (Гардијан)

Славен мачор ќе ѝ конкурира на премиерката Џесинда Ардерн во изборот на личност на годината во Нов Зеланд.

„Ова е исклучителна година, знаеме дека секој има свој херој“, изјави Миријама Камо, организаторката на изборот.

За некои, херој е мачор од видот ангорка наречен Митенс, кој лута низ главниот град Велингтон и позира за социјални мрежи. Во почетокот на годината, Митенс стана почесен жител на Велингтон, а неговиот авантуристички дух му донесе десетици илјади домашни и странски фанови.

Митенс првпат го привлече вниманието во 2018 година кога континуирано почна да се појавува во јавни објекти, како универзитетот, поштата и католичката црква. Еден активист за заштита на животни потоа направи Фејсбук страница преку која ги убедуваше локалните жители дека Митенс не е изгубен, ниту му треба спасување, туку едноставено е авантурист. Оваа страница денес има 50.000 фанови и преку неа се следат дневните активности на Митенс.