Кантри пејачката Кери Андервуд и групата „Вилиџ пипл“ ќе настапат на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон.
Андервуд, која ја започна својата кариера на „Американски идол“, треба да настапи непосредно пред Трамп да положи заклетва во Капитол. Ќе ја изведе песната „America the Beautiful“.
„Ја сакам нашата земја и чест ми е што ме поканија да пеам на инаугурацијата и да бидам мало парче од овој историски настан“, изјави Андервуд.
Американската диско-група „Вилиџ пипл“ се прослави во доцните 1970-ти. Нејзиниот најголем хит „Y.M.C.A.“ се смета за геј химна и стана составен дел од митинзите на Трамп во последната кампања, заедно со песната „Мacho Man“.