ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ СПОРЕД ВИДЕОИГРАТА „ЛЕГЕНДАТА ЗА ЗЕЛДА“

Јапонија, (Би-Би-Си)

„Нинтендо“ и „Сони“ ќе снимаат филм според серијата видеоигри „Легендата за Зелда“. Дизајнерот на видеоигри Шигеру Мијамото и Ави Арад од трилогијата „Спајдермен“ ќе бидат копродуценти, а режисер е Вес Бол. Засега нема информации кој ќе биде во актерската екипа, ниту за дејството на филмот.

„Ќе биде потребно време за негово завршување, но се надевам дека со нетрпение чекате да го видите“, им порача Мијамото на фановите.

„Легендата за Зелда“ е втората најуспешна франшиза на „Нинтендо“, по „Супер Марио“, со продадени околу 150 милиони примероци од дебито во 1986 година. Последната верзија се продаде во 10 милиони копии за само три дена кога беше објавена минатиот мај, што ја прави најбрзо продаваната игра на „Зелда“ на сите времиња.

(Фото: Нинтендо)