КЛУНИ ДОБИ НОМИНАЦИЈА ЗА ТЕАТАРСКАТА НАГРАДА ТОНИ ЗА ДЕБИТО НА БРОДВЕЈ

САД, (Би-Би-Си)

Џорџ Клуни изјави дека е возбудливо што ја добил својата прва номинација за театарската награда Тони за неговата дебитантска изведба на Бродвеј. Холивудскиот актер е номиниран за претставата „Добра ноќ и со среќа“.

Тони ја наградува извонредноста во театарот на Бродвеј во текот на изминатата година.

Клуни е коавтор на претставата и ја игра главната улога. Претставата е адаптација на истоимениот филм на Клуни од 2005 за легендарниот водител Едвард Р. Мароу и неговиот конфликт со сенаторот Џозеф Макарти. Филмот имаше шест номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм.

„Забавниот дел е што може да направите претстава за темата што е многу блиску до срцето и ја кажува вистината“, рече Клуни.

(Фото: Гети)