После филмската адаптација на Рон Хауард, бестселерот на Ден Браун, „Кодот на Да Винчи“, ќе добие и театарска верзија. Претставата премиерно ќе се изведе на 3 април 2021 во Театарот Черчил во Брумли, а потоа ќе оди на турнеја низ Велика Британија.

Приказната е за Роберт Ленгдон, професор на Харвард и за француската специјалистка по криптологија Софи Неве, кои го истражуваат суровото убиство на кураторот во Лувр, проследено со дешифрирање на загатки кои ги носат до откривање на заговор.

Романот на Браун се продаде во над 100 милиони примероци. Во 2006 година се сними блокбастерот со Том Хенкс и Одри Тату.

„Пресреќен сум што ‘Кодот на Да Винчи’ ќе се адаптира за театарска сцена. Едвај чекам да го видам уникатниот потенцијал на оживувањето на оваа приказна“, изјави авторот.