Осло има нов додаток кон својата сѐ поголема колекција на модерната архитектура.

Со една година задоцнување, градот ја отвори новата библиотека „Дајхман“, сместена во пристаништето Бјервика, кое веќе некое време се претвора во нова културна област и полека го добива својот планиран изглед. Претходно тука беа изградени новата зграда на Операта и Музејот на современа уметност, наесен се отвора долгоочекуваниот музеј посветен на Едвард Мунк, а за следната година е најавено отворањето на Националниот музеј. Сите објекти, па така и новата библиотека, се дизајнирани според таканаречениот баркод концепт.

Во Бјервика лани беше отворена и новата зграда на Операта

Новата библиотека има шест нивоа и колекција од речиси половина милион книги, а нејзината изградба чинеше речиси 260 милиони долари.

„Освен што има 450.000 книги, овдека можете да гледате филмови, снимате поткасти, учите да свирите пијано, шиете фустан, користите 3-Д печатар или едноставно да уживате во погледот и во архитектурата“, изјави директорката Мерете Лие.

Библиотеката има и посебен оддел посветен на иднината, кој годишно ќе се дополнува со еден ракопис, кои ќе бидат печатени и објавени во 2114 година.