КОГА ГИ СОБИРАМ БЛАГОСЛОВИТЕ, ТЕБЕ ТЕ БРОЈАМ ДВОЈНО, ВЕЛИ ИМАН ЗА ДЕЈВИД БОУВИ

Лондон, (Индипендент)

Поранешниот супермодел Иман објави емотивен пост на Инстаграм, одбележувајќи она што ќе беше 26-годишнина од бракот со Дејвид Боуви.

Музичката легенда почина во почетокот на 2016 година и Иман уште еднаш истакна колку тој значеше во нејзиниот живот.

„Кога ги собирам моите благослови, тебе те бројам двојно. 24 април, Боуви засекогаш“, напиша Иман под фотографијата од нивната венчавка.

Дејвид и Иман се венчаа на 24 април 1992 на приватна церемонија во швајцарскиот град Лозана. Бракот беше и црквено потврден на 6 јуни во Фиренца и двојката подоцна доби ќерка, која денес има 17 години.

Тајната на нашиот долг брак беше во тоа што дома бевме само Дејвид и Иман. Си се најдовме во вистински момент од нашите животи, кога и двајцата бевме подготвени за брак“, кажа Иман по смртта на Боуви.

Таа го опишуваше Дејвид како свој заштитник.

Немав никаква намера да се мажам за рок музичар, но Дејвид ме натера да го променам мислењето“.