КОМИЧАРОТ ЛУИС СИ КЕЈ ГО ИМАШЕ ПРВИОТ ОТКАКО ПРЕД 10 МЕСЕЦИ СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА ВО ХОЛИВУД

Њујорк, (Би-Би-Си)

Комичарот Луис Си Кеј го имаше првиот настап во живо по десетмесечната пауза, откако лани призна неколку случаи на недолично сексуално однесување, што во екот на кампањата #MeToo го стави на црната листа во Холивуд.

Минатиот ноември, наградуваниот американски актер призна дека обвинувањата од пет жени се точни, по што го снема од јавноста, а од дистрибуција беше повлечен и неговиот последен филм „Те сакам тато“.

Тој во неделата ненајавено настапи во легендарниот њујоршки клуб „Комеди сентрал“, но притоа не се осврнал на своето однесување од минатото, ниту се шегувал на темата секс.

„Неговиот настап се состоеше од типичните Луис Си Кеј работи, како расизам, келнерки и паради. Тој беше топло пречекан и доби стоечки овации кога излезе на сцената. Знам дека некои луѓе ќе бидат вознемирени што го дозволив ова, но мислам дека ја направив вистинската работа“, изјави сопственикот на местото, Ноам Дворман.