КОМПОЗИТОРОТ И ОСКАРОВЕЦ РИЧИ САКАМОТО СЕ ЛЕКУВА ОД РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

Лондон, (Гардијан)

Јапонскиот оскаровец, композитор и поп музичар Ричи Сакамото се лекува од рак на дебело црево. Ова следува седум години откако 69-годишниот музичар се излекува од рак на грлото.

„Веста беше обесхрабрувачка, но благодарение на докторите, операцијата помина успешно. Поради овие околности, долгите патувања за работа ќе бидат тешки. Сепак, ќе продолжам да работам колку што можам. Отсега, ќе живеам заедно со ракот, но се надевам дека ќе создавам музика уште малку“, објави Сакамото на неговата официјална интернет страница.

Сакамото е еден од најпознатите музичари во Јапонија, кој прво се прослави со електронската поп група „Јелоу меџик оркестра“ во доцните 1970-ти. Сними и 19 соло албуми, соработуваше со Брајан Вилсон, Иги Поп и Дејвид Брн и компонираше музика за филмовите на Педро Алмодовар, Оливер Стоун и Алехандро Ињариту. Освои Оскар, Златен глобус и Греми за музиката за филмот „Последниот император“ на Бернардо Бертолучи од 1987.