КОШАРКАРОТ ПАУ ГАСОЛ СИ ГО КРСТИ НОВОРОДЕНОТО БЕБЕ СПОРЕД ПОКОЈНАТА ЌЕРКА НА КОБИ БРАЈАНТ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол и неговата сопруга Кетрин Мекдонел го крстија своето новородено бебе според ќерката на Коби Брајант, Џана, која заедно со него загина во хеликоптерска несреќа во јануари.

Гасол ја освои НБА лигата заедно со Брајант во 2009 и 2010 година и двајцата останаа блиски пријатели сѐ до неговата смрт.

„Нашето прво бебе конечно пристигна! Породувањето помина добро и не можеме да бидеме посреќни. Елизабет Џана е многу значајно име за нашата суперубава ќеркичка“, напиша Гасол на Твитер.

Неговата сопруга додаде дека „бебето е родено на специјален ден“, кога прабабата Елизабет полни 100 години, а таа и Гасол одбележуваат две години од свршувачката.